Даглас Коста ќе биде подготвен за дуелот со Белгија

Селекторот на Бразил, Тите, ќе го има на располагање Даглас Коста за четвртфиналната пресметка против Белгија на Светското првенство во Русија. „Кариоките“ беа без одличниот играч за врска на претходниот меч со Мексико, кој го добија со 2-0, но тој се врати на тренинзите надминувајќи ја повредата на мускулот што ја заработи на натпреварот против Костарика во првата фаза.

Марсело и понатаму не тренира со полн интензитет поради болки во грбот, но се очекува исто така да биде подготвен за настап.

Четвртфиналето меѓу Бразил и Белгија е закажано за в петок, со почеток во 20 часот, на „Казањ Арена“.

Се вчитува...