Даглас Коста незадоволен во Баерн Минхен

Бразилскиот интернационалец Даглас Коста не е стандарден првотимец во редовите на Баерн Минхен и поради тоа размислува и за можно напуштање на „Алијанц арена“ во летниот преоден рок. Тој играше фантастично во периодот додека Пеп Гвардиола беше на кормилото на баварскиот клуб, но по доаѓањето на Карло Анчелоти некако падна во втор план. Веќе не ги прикажува одличните изданија од минатата сезона.

Но, заинтересирани клубови за негов ангажман има многу, од Англија, Шпанија, Италија…

„Не можам да зборувам за имињата на клубовите, но постојат контакти со големи тимови од Англија, Шпанија и Италија. Сепак, јас го почитувам клубот каде што настапувам и секако дека ќе разговарам со раководството на клубот по завршувањето на сезоната. Мислам дека Премиер – лигата е фантастична, а воп Шпанија би можел да се снајдам побрзо поради јазикот“, изјави Даглас Коста.

Според англиските медиуми, Ливерпул е силно заинтересиран да го види Даглас Коста во своите редови од идната сезона. Но, тој има уште три години од актуелниот договор со Баерн Минхен и сигурно дека овој евентуален трансфер нема да биде воопшто лесно да се реализира.

Се вчитува...