„Дајте му нов договор на Алиоски, така ќе заштедите пари“

Поранешниот голгетер на Лидс Јунајтед, Ноел Вилан, апелираше до управата на клубот што поскоро да му даде нов договор на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски. Актуелниот договор на Алиоски истекува на крајот од сезонава, челниците најавија дека наскоро ќе почнат разговори за продолжување на соработката, но Вилан смета дека треба Македонецот мора да остане на „Иланд Роуд“.

„Алиоски во неколку ситуации и во Премиер-лигата покажа дека е играч што може да заврши добра работа на левата страна. Го видовме неговиот ентузијазам на последниот натпревар, донесе енергија во екипата, тоа е она што го дава секогаш кога се наоѓа на теренот. Знае да се брани, знае да креира за остатокот од тимот, често и самиот постигнува голови. Згора на тоа, Лидс ќе заштеди пари со новиот договор за Алиоски бидејќи ако тој се замине, ќе мора да се потрошат неколку милиони за да биде донесена адекватна замена“, истакна Вилан.

Македонскиот интернационалец е член на Лидс уште од 2017 година, кога пристигна на „Иланд Роуд“ од редовите на Лугано.

Се вчитува...