„Далас Мадрид“ – новите дресови на Маверикс како оние на поранешниот клуб на Дончиќ

Маверикс го објавија „градското издание“ на дресот за новата сезона, кој е во чест на десетгодишнината на првата освоена титула за овој клуб, како и тимскиот 40. роденден во Далас, а кој наликува многу на оној кој поранешниот клуб на Лука Дончиќ, Реал Мадрид го носеше во сезоната 2019/20.

 

„Далас Мадрид“ беше коментарот на босанскиот интернационалец Јусуф Нуркиќ на објавата на Дончиќ на социјалната мрежа Твитер, за својот дрес, кој впрочем е и восхитен од изгледот кој ќе го негува следната сезона.

Се вчитува...