Дали е ова спасот за сезоната во Формула 1?

Формула 1 шампионатот не започна откако во последен момент беше откажана премиерната трка во Австралија, по што следеа откажувања на уште неколку натпреварувања.

Јасно е дека во блиска иднина нема да се создадат услови за трка, Монако веќе објави дека годинава нема да се вози гран-при во малото кнежевство, но челниците на Ф1 напорно работат на создаавање на услови за целокупната сезона да не биде откажана. Целта е јасна – пари, бидејќи сите би претрпеле огромни загуби поради минимизирањето на приходите во 2020.

Според последнте информации, сега се разгледува опцијата сезоната да заврши во јануари 2021 година, кога би се одржале најмалку две трки. Со тоа, би бил нарушен планот сезоната да заврши на 29 ноември со трката за ГН на Абу Даби.

„Константно разговараме и бараме решение. Разгледуваме различни опции, една од нив е откажување на тренинзите во петок и набивање на календарот. Ако се договориме за две трки во јануари, можеби ќе постигнеме целосен договор. Имаме апсолутна доверба во челниците на Ф1, кои прават се што е во нивна моќ за да состават календар за натпреварување“, изјави шефот на Ферари, Матија Биното.

Раководството на Формула 1 се надева дека сезоната ќе може да стартува во текот на летото, а ќе се одржат 15 од предвидените 18 трки. Првите осум трки се веќе откажани, но дел од нив може да се презакажат, а согласно правилата за сезоната да биде важечка мора да се одржат најмалку осум трки.

Се вчитува...