Далиќ: Го запревме Меси, можеме да се справиме со Кејн

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, е уверен дека неговиот тим може да се справи со ѕвездата на Англија, Хари Кејн, особено што како што вели „ние го добивме Меси, мислам дека можеме и со него“. Хрватска и Англија ќе се соочат во полуфиналето на Светското првенство во Русија в среда. Селекциите имаа различен пат со местото меѓу најдобрите четири. Хрватите мораа преку драматични пенали да ја елиминираат Русија, додека Англичаните без многу проблеми славеа над Шведска со 2-0.

„Не се плашиме од Англија. Веруваме во нашата сила. Кејн е навистина најдобар стрелец на првенството, но ние имаме играчи што ќе најдат решение за него. Успеавме да го запреме Меси, сигурен сум дека Кејн нема да ни биде проблем“ – вели Далиќ во пресрет на полуфиналето.

Далиќ не одговори директно на прашањето на слабостите на англискиот состав, велејќи дека секако имаат и добри и лоши страни во тимот.

„Не би рекол дека имаат некои очигледни слабости, во полуфиналето се, тоа зборува доволно. Низ натпреварите покажаа дека дека играат директен фудбал и оти имаат исклучителна сила“ – рече Далиќ.

Англија и Хрватска ќе ја комплетираат полуфиналната шема, претходно дуелот меѓу Белгија и Хрватска ќе го даде првиот финалист.

 

 

Се вчитува...