Далиќ менува – Бадељ стартер против Англија

Хрватскиот селектор Златко Далиќ е подготвен да направи рокада во тимот за утрешниот полуфинален дуел против Англија, давајќи му шанса меѓу стартните единаесетмина на Милан Бадељ.

Искусниот фудбалер настапува на позицијата последен играч за врска, каде Далиќ смета дека може многу да им помогне на Модриќ и на Ракитиќ. Тој беше стартер на дуелот со Исланд, на кој беше најдобар поединец на теренот со еден гол и една асистенција, па утре вечер би требало повторно да се најде во првиот тим на „коцкестите“.

Ова ќе значи позатворена формација во однос на онаа против Русија, а Далиќ се уште нема одлучено дали Бадељ ќе го заземе местото на Крамариќ, или пак на Перишиќ, кој игра под своите можности на овој шампионат.

Добра вест за Хрватите е што Шиме Врсаљко го одработе целосно вечерашниот тренинг, па десниот бек речиси сигурно ќе се најде во првиот тим на утрешното полуфинале.

Се вчитува...