Хрватска претрпе пораз на првиот дуел со Англија, па „коцкестите“ на наредниот дуел со Панама (среда наутро во 1 часот) немаат право на поправен.
Селекторот Златко Далиќ на прес-конференцијата говореше за оптимизам околу шансите на својата репрезентација за триумф на мечот, но и за очекувањата во домашната јавност што според него не се најреални.
„Кај нас притисокот секогаш е огромен, дури и кога играме пријателски меч, камоли на светското првенство, но самите сме си виновни бидејќи го кренавме нивото толку високо. Остваривме некои работи кои беа незамисливи, би рекол дури и невозможни. Сега очекувањаата се огромни, но колку е тоа реално да се оствари. Затоа, ние одиме чекор по чекор, најпрвин сакаме да ја минеме групата, а потоа ќе видиме… Знаеме дека очекувањата на навивачите се огромни, ние самите си имаме поставено високи цели. Второто и третото место што ги освоивме се за историја, секој нов меч е ново докажување и така мора да се поставиме и против Панама“, истакна Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
