Далиќ: Овие момци не се нормални… Ќе бидеме светски шампиони, ако даде Господ!

Хрватска е во финалето на СП 2018 во Русија. Падна и Англија пред „коцкестите“… Еден од најзаслужните, без сомнение, и хрватскиот селектор Златко Далиќ кој приредува чуда во Русија на клупата на Хрватска.

„Мора да им честитам на фудбалерите. Им реков по мечот дека тие не се нормални. Јас ништо не сум заслужен, сето ова е дело само на овие момци. Ова што го одиграа вечерва е фантазија, како се бореа, како само трчаа… Им благодарам на нашите навивачи од целиот свет. Не само на Хрватите, но и на сите ширум светот чии симпатии ги освоивме“ – рече во моментите на еуфорија Далиќ по крајот на натпреварот со Англија и дополни:

„Но, ние уште не застануваме на ова. Ова е секако историја, но остануваме во Москва и ќе бидеме светски шампиони, ако даде Господ!“

Се вчитува...