Далиќ плачеше на клупата: Во мојот живот се мора да биде по потешкиот пат

Хрватите преживеаја уште една голема фудбалска драма во четвртфиналето на Мундијалот. Повторно мораа преку пенали да се борат за пласман во следната рунда, и успеаја да ја елиминираат домашната селекција на Русија. Селекторот Златко Далиќ не можеше да го издржи притисокот, не го гледаше последниот пенал на Ракитиќ, а потоа плачеше на клупата во прегратка на својот скаут и поранешен репрезентативец, Огњен Вукојевиќ.

„Секогаш имаме тежок пат и мораме да се бориме до крај, така е тоа и во мојот живот. Секогаш мора по потешкиот пат. Ова е награда за борбата, маката, за трудот. Хрватска е во полуфиналето на СП. Страшно добра работа. Русите не ни дадоа да играме. Во вториот дел бевме подобри. Но, ова беше натпревар против 50.000 навивачи, беше страшно. Би било штета да шетаме по Русија, а да не ја видиме Москва, нели“, изјави емотивно Златко Далиќ по пласманот во полуфиналето на Мундијалот.

 

Се вчитува...