Дамчевски го постигна својот прв гол во дресот на кипарски Ермис… (видео)

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски го постигна својот прв гол сезонава во дресот на кипарскиот Ермис.

Дамчевски постигна убав гол со волеј удар во поразот на Ермис од АПОЕЛ од 2-1 во 14. коло од шампионатот на Кипар. Македонскиот дефанзивец погоди во 6. минута за израмнување на резултатот на 1-1 во тие моменти.

25-годишниот Александар Дамчевски кој на почетокот од сезоната потпиша за Ермис, беше стандарден македонски репрезентативец во времето на селекторување на Бошко Ѓуровски. Но, потоа остана без клуб по заминувањето од казахстански Атирај, за да сега со осум одиграни натпревари веќе е стандарден првотимец на кипарски Ермис.

Се вчитува...