Дамјан Гроздановски, во еден ден директно од авион од Брисел на „Скопскиот маратон 2022“, и веднаш на авион назад (ФОТО)

„Скопскиот маратон“ е без сомнение еден од најголемите спортски брендови на Македонија, веќе сериозно повеќе од препознатлив и надвор од границите на нашата држава.

Затоа секоја следна година е вистински магнет за бројни истакнати домашни и странски личности од јавниот живот, стопанственици, дипломати, уметници и вљубеници во рекреативното трчање.

Оваа година вистинско освежување за маратонот е и еден од најистакнатите македонски дипломати, личност добро препознатлива и во европски рамки, Дамјан Гроздановски.

Гроздановски, кој е шеф на правниот оддел во Европската комисија во Брисел, е и нескриен вљубеник во трчањето не пропуштајќи никогаш можност да биде дел и од најпрепознатливиот македонски атлетски маратон. Така беше и сега, па во период од само 24 часа, пристигна од Брисел да биде дел од „Визер Скопскиот маратон 2022“, а откако денеска ја истрча полумаратонската трка од 21 километар веднаш назад на авион и со лет од скопскиот аеродром во 13 часот назад за Брисел.

„Рекреативното спортување е мое секојдневие без разлика на постојаните бројни обврски. Ниту оваа година не можев да го пропуштам Скопскиот маратон кој е наш препознатлив спортски бренд и во Европа, сега на помалку специфичен начин, како поттик и за сите професионалци од македонската диплиматија да го практикуваат трчањето, минувајќи ги тие 21 километар од полумаратонска трка“ – истакна Гроздановски по денешната трка во македонскиот главен град.

Се вчитува...