Дамјан: По лудиот меч во Сараево, знаевме што треба да сториме

Дамјан Стојановски одигра одличен натпревар за МЗТ Скопје, реализирајќи 19 поени во денешниот триумф над Спарс со кој беше обезбедно големото финале од АБА2 лигата. Тој на прес-конференцијата по натпреварот не го криеше задоволството од остварениот триумф над незгодниот противник.

„По лудиот прв натпревар во Сараево знаевме што треба да сториме за да не дозволиме реванш. Тие се цврста и искусна екипа, им одговоривме со иста мера, клучната работа ја завршивме во одбраната. Таквиот пристап ни го донесе ова финале“ – изјави Дамјан Стојановски.

Се вчитува...