Данска подготвува специјални дресови за Катар со пораки за кршење на човековите права

Данска е една од селекциите која меѓу првите обезбеди учество на Мундијалот. Данците имаа импресивни квалификации, и до последните две кола имаа максимален учинок, и тоа без примен гол. Примија само три гола, дадоа 30, на крајот доживеаја и еден пораз од Шкотска.

Данците веќе се подгтовуваат за Мундијалот во Катар, па така на него ќе носат специјални дресови на официјалните тренизи пред натпреварите. На нив ќе има пораки за кршење на човековите права, со цел да укажат на проблемот при градењето на стадионите во Катар, при што неофицијално загинале 15 илјади лица.

„Нашите два спонзори ќе го отстапат местото на дресовите за да ставиме критики поради кршење на човековите права. Веќе долго време укажуваме на такво нешто на челните луѓе на ФИФА и нема да престанеме додека првенството трае“, рекоа од федерацијата на Данска.

Во Катар веќе одамна ги одбиваат критиките и обвинувањата за кршење на човековите права, откако е објавено дека донеле неколку илјадници мигранти за изградба на стадионите и другата инфраструктура. Се тврди дека Катар и натаму ги крши човековите права, но засега никакви сериозни мери не се превземени.

Се вчитува...