Дарио Ивановски на 67. место од 85 атлетичари на Европското првенство во крос

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски заврши на 67. место од вкупно 85 атлетичари кои ја завршија трката на Европското првенство во крос кое се одржа во Лисабон, Португалија.

„Настапот на Дарио е во рамките на неговите максимални можности. Дефинитивно го даде својот максимум со најмоќната европска конкуренција во категоријата млади сениори. Како негов тренер и официјално лице на нашата атлетска федерација лично сум задоволен од неговиот настап“ – вели тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски по денешната негова трка на патеката од 8.250 метри во Лисабон.

Следниот предизвик за Ивановски треба да биде настапот на Светското првенство во сала.

Се вчитува...