Дарио Ивановски го урна државниот рекорд на 1500 метри

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски денеска на митингот во сала во Белград го урна македонскиот рекорд на 1500 метри.

Тој делницата од 1500 метри ја помина за време од  3:45.46, што е за дури пет секунди подобро од неговото претходно најдобро време во сала 03:50.90 минути.

Со овој резултат тој освои 1082 бода и во моментов е на само 46 стоти делови од секундата од обезбедување норма за настап на Европското првенство во сала кое ќе се одржи од 3. до 7. март годинава во Торун, Полска.

Се вчитува...