Дарио Ивановски не успеа да ја финишира маратонската трка на ЕП во Минхен

Македонскиот атлетичар и репрезентативец Дарио Ивановски не успеа да стигне до целта во рамки на ЕП во атлетика кое се одржува во Минхен.

На стартот на маратонот тргнаа 79 маратонци, а Македонецот беше меѓу оние 17 кои не ја завршија. Ивановски не оствари време, што е неуспех за него.

Победата ја однесе домашниот атлетичар Ричард Рингер, кој до златото дојде со време од 2:10,21 часа. За потсетување, на ова Европско првенство настап ќе има и Дрита Ислами, која ќе се појави во квалификациите за трката на 400 метри со пречки на 17 август.

Се вчитува...