Дарио Ивановски со историски резултат на 1500 метри

Дарио Ивановски со резултат 3:44.98  минути во дисциплината 1500м  го подобри македонскиот рекорд за 48 стотинки кој беше во негова сопственост. Со овој резултат тој дојде до норма за Европско првенство во сала за Сениори-ки кое ќе се одржи во месец март годинава, а за кое изминатиот викенд и Јован Стојоски во дисциплината на 400м ја исполни нормата .

Резултатот на Дарио Ивановски постигнат денес вреден 1088 бодови,  воедно е и највреден постигнат резултат во историјата на македонската атлетика , согласно ИААФ бодовната таблица .

Се вчитува...