Дарио Ивановски со најдобар сезонски резултат во сала на силниот митинг во Будимпешта (ФОТО)

Изминатиов викенд во Будимпешта се одржа силен меѓународен митинг “МАСЗ Натпревар 2023” на кој за првпат оваа сезона настапи еден од најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри.

Ивановски го освои второто место во оваа дисциплина со резултат 07:59.51 минути кој е само една секунда послаб од неговиот национален рекорд. Овој остварен резултат во моментов преставува најдобар по вредност сезонски резултат од македонските атлетичари кои настапија во сала и засега Дарио е водечки атлетичар за настап на Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Истанбул, Турција од 02. до 05. март оваа година.

Следниот викенд токму во Истанбул нашата атлетска репрезентација ќе настапи на сениорско Балканско првенство во сала каде Дарио ќе се обиде да освои нова титула балкански шампион на 3000 метри и јубилеен 10-ти медал на Балканијадите.

Се вчитува...