Најголемото македонско фудбалско име во историјата, Дарко Панчев уште еднаш, ја потенцираше својата нескриена приврзаност за двата клуба кои, како што нагласувал многупати досега, единствено вистински му значат во животот – Вардар и Црвена Звезда!
Онака искрено, Панчев го доловува за јавноста значењето да дојдеш до врвот и трофеите со клубови кои онака емотивно, ти се на срцето. Тоа е сонот, без сомнение, на секој спортист.
„И сега ако би бирал, јас илјада пати повеќе би сакал да освојам трофеј со Вардар или со Црвена Звезда, отколку со Милан или Манчестер Јунајтед. Што имам јас кон нив, воопшто не ме интересираат“, изјави Панчев.
View this post on Instagram
Македонската „Златна копачка“ и претходно нагласувал дека Вардар и Црвена Звезда единствено се клубови за кои од срце ги носел дресовите, а се друго беше чисто професионално одработување на договорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
