Дарко Радуловиќ продолжува во Унгарија

Кошаркарскиот тренер Дарко Радуловиќ, кариерата ја продолжува во Унгарија, на клупата на Хубнер Ниреѓихаза. Клубот денеска го потврди договорот со младиот стручњак со кој ќе се обиде да дојде до опстанокот во оваа сезона.

Радуловиќ потпиша договор до крајот на сезоната, со можност на продолжување на уште една година. Тој досега го предводеше косовски Башкими.

Хубнер Ниреѓихаза е последнопласиран тим на табелата без ниту една победа. Тој ќе дебитира на клупата на 10. декември против Хонвед.

Се вчитува...