Дарко Велковски дебитираше во дресот на Ријека

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски надминувајќи ги проблемите со повредата дебитираше на официјален натпревар во дресот на хрватскиот прволигаш Ријека.

Велковски настапи од 56. минута за Ријека на натпреварот од Купот на Хрватска кој неговиот тим го доби со убедливи 9-0 против нисколигашот Радник Крижевци.

Македонскиот дефанзивец поради повреда не можеше да биде дел од тимот на официјалните натпревари изминатиов период, сега конечно дебитирајќи во првиот состав. Сето ова е позитивно и за селекторот Игор Ангеловски кој сигурно ќе смета на Велковски за престојните два октомвриски натпревари во Лигата на нации против Лихтенштајн дома на 13. октомври и против Ерменија во Ереван на 16. октомври.

Се вчитува...