Даци: Целта е шест бода од дуелите со Израел и со Црна Гора

Ердон Даци не го крие оптимистичкото расположение во таборот на младата селекција пред последните два натпревари од квалификациите за ЕП, против Израел и против Црна Гора.

„Ние се подготвуваме и веруваме дека можеме до победа на двата натпревари. Против Израелците и во Скопје во одредени моменти од играта немавме среќа, па сигурно може да се надигруваме и на гостински терен. Мислам дека сме подготвени и од психолошки и од физички аспект, па безусловно ќе атакуваме на две победи и шест бода“ – вели Даци.

Првиот натпревар во ноемврискиот прозорец против Израелците младите репрезентативци го играат на гостински терен на 12. ноември.

Се вчитува...