Давид Алаба ќе игра во Серија А, клубот е големо изненадување

Давид Алаба се мачеше да најде клуб по истекот на договорот со Реал Мадрид, но австрискиот ветеран конечно избра каде ќе ја продолжи кариерата. Италијанската Серија А ќе биде лигата во која Алаба за првпат ќе се натпреварува во својата кариера, но изборот на тим е изненадување со оглед на реномето на овој фудбалер.

Удинезе ќе биде новиот клуб на поранешниот дефанзивец на Реал и на Баерн Минхен. Тој во текот на летото беше поврзуван со дел од поголемите италијански клубови, тие преговори воопшто не влегоа во некоја поконкретна фаза, но откако му стана јасно дека реномето нема д аму помогне да се пресели во нов европски гигант Алаба реши да ги спушти сопствените стандарди.

Преговорите со Удинезе не траеле премногу долго и начелно се договорени сите детали, па се очекува во следните 48 часа да следи и официјализацијата на овој трансфер.

Договорот ќе биде со важност до крајот на сезонава, што ќе му даде можност на Алаба, доколку е здрав и се врати во посакуваната форма, следното лето повторно да се обиде да се пресели во некој клуб со посериозни амбиции од „фриулијаните“.

Се вчитува...