Давид Бабунски дебитираше за Омија, сепак без братска пресметка во Јапонија

Давид Бабунски дебитираше во дресот на својот нов клуб, јапонскиот второлигаш Омија Ардија. Дуелот на неговиот тим во 33. коло од јапонската Втора лига против тимот на Мачида, во кој игра неговиот брат Доријан Бабунски, сепак остана без братската пресметка.

Давид го стартуваше мечот настапувајќи до 69. минута на натпреварот кој Омија го доби со 1-0 со голот на Комото во 90. минута. Во тимот на Мачида воопшто не беше во комбинација за настап Доријан Бабунски.

Давид Бабунски ова лето си замина од Јокохама маринос и се пресели во редовите на Омија каде го запиша првиот официјален настап во шампионатот.

Се вчитува...