Давид Ферер е нов директор на Дејвис купот

Некогаш третиот тенисер во светот, Давид Ферер и официјално стана нов директор на Дејвис купот, а на таа позиција го замени Алберт Коста. Ферер се приклучи на Космос Тенис и веднаш го зазеде местото на директорот на Дејвис купот.

Шпанецот во кариерата освои 27 АТП титули, а најдобриот ранг го постигна во 2013 година кога беше трет на АТП листата. За Шпанија играше во Дејвис купот 16 години, а шампион на ова натпреварување беше три пати – во 2008, 2009 и 2011 година.

„Многу сум возбуден што ќе бидам дел од овој проект. Дејвис купот е уникатно натпреварување и кога си играч секогаш сакаш да играш и бидеш дел од него. Се натпреварувате како тим, играте за својата земја, поминувате една недела со сонародниците и атмосферата во репрезентацијата е секогаш неверојатна“, рече Ферер.

По две првопласирани екипи од секоја група ќе играат на завршниот турнир од 22 до 27 ноември во Малага. Инаку, годинава во групната фаза на натпреварувањето ќе играат 16 екипи кои ќе бидат поделени во четири града – Болоња, Глазгов, Хамбург и Валенсија.

Се вчитува...