Давитков останува во Таргу (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор, Јорданчо Давитков и во следната сезона ќе биде дел од романскиот клуб Таргу, потврди тренерот на социјалната мрежа Фејзбук. Македонскиот стартег пристигна во романското првенство на крајот на март преходната сезона и ги задоволи очекувањата на клубот со што ја доби довербата и за престојната сезона.

Искусниот Давитков својата богата тренерска кариера ја започна во 2000 година во Никол Ферт, а во македонското првенство ги предводеше и Поло Трејд, Балкан Стил, Неметали Огражден, Работнички и Струмица пред да и се посвети на интернационалната кариера. Покрај тоа два пати беше селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

Се вчитува...