Де Брујне го најави своето заминувaње од Сити

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне изјави дека ќе размисли за преселба во некој од клубовите во Саудиска Арабија кога ќе заврши со настапот во Премиер лигата.

Тој кажа дека ќе разговара со семејството, од кое многу ќе влијае на неговата идна дестинација.

„За мојата сопруга Мишел, егзотичната авантура е добра. Ова се разговорите што се повеќе ги водиме како семејство. Имам уште една година од договорот и треба веќе да почнам да размислувам што понатаму“, изјави Де Брујне за белгиската телевизија ВТМ, пренесе Скај.

Во текот на кариерата Де Брујн играше за Генк, Челзи и Волфсбург, од каде во 2015 година се пресели во Манчестер Сити.

„Мојот најстар син има осум години и знае само за Англија. Ме прашува и до кога ќе играм за Сити. Кога ќе дојде моментот, ќе треба да се справиме со тоа на одреден начин“ , изјави 32-годишниот белгиски фудбалер.

Се вчитува...