Де Хеа одбил да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Шпанскиот голман Давид де Хеа одбил да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Де Хеа е член на Манчестер јунајтед од 2011 година, а со „црвените ѓаволи“ има договор до крајот на сезоната. Шпанскиот голман е меѓу најплатените фудбалери во Премиер-лигата, а во англискиот клуб има неделна плата од 425.000 евра.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е задоволен од настапите на шпанскиот голман оваа сезона, поради што побарал од челниците на клубот да му понудат продолжување на договорот.

Сепак, Де Хеа ја одби понудата за продолжување на соработката, бидејќи раководството на клубот бара од шпанскиот голман да се согласи на намалување на платата. „Мундо депортиво“ наведува дека Манчестер jунајтед е уверен дека на крајот ќе успее да се договори со шпанскиот голман.

Во случај на разделба меѓу Де Хеа и Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволи“ би потпишале со голманот на Брентфорд, Давид Раја. Де Хеа  во Манчестер Јунајтед стигна во 2011 година од Атлетикo Mадрид, а за англискиот клуб одигра 529 натпревари.

Се вчитува...