Френки Де Јонг се претвори во херој на Барселона на гостувањето кај Алавес со голот постигнат во 87-та минута, но по крајот на мечот, привлече огромно внимание со стандардното интервју кое му беше направено уште на теренот.
Барса славеше со минимални 0-1 и освои важни три бода во обидот да влезе во топ четири, но во фокусот се најде изјавата на Френки која многумина ја протолкуваа како директен „поздрав“ до Жоан Лапорта.
Претседателот на Барселона истакна дека е горд на прикажаното на тимот по поразот од Реал Мадрид во „Ел Класико“ пресметката во Суперкупот и навистина вирално стана видеото кога тој им се обраќа на фудбалерите во соблекувалната, говор од кој очигледно не бил премногу импресиониран холандскиот фудбалер.
„Се кажа дека треба да бидеме горди. Мене ми е навистина жал што велиме дека треба да сме горди после пораз од Реал Мадрид. Ние сме Барселона и никогаш не треба да бидеме горди после еден пораз. Знаеме во каква состојба сме, наша првична цел до крајот на сезоната треба да биде пласман во Лигата на шампионите, а потоа ќе видиме на која позиција ќе завршиме. Што се однесува до критиките за мојата игра, сметам дека многумина не ги гледаат моите натпревари. Знам дека можам да се подобрам, но не сум катастрофален како што ме прикажуваат. Имам простор за напредок, но не сум катастрофа“, изјави Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА