Де Јонг: Потешко ни беше во Мадрид…

Френки де Јонг храбро во пресрет на овој двомеч изјавуваше дека посакува Роналдо да биде „фит“ за двете средби, бидејќи Ајакс е мотивиран кога игра против најдобрите. И се случи токму тоа, Португалецот настапи и постигна два гола, но со тоа само ги мотивираше младите холандски асови да одиграат извонредни 180 минути и сосема заслужено да се најдат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Победи на тешки гостувања станаа специјалитет за Ајакс, а Де Јонг беше прашан за споредба на синоќешниот триумф со оној во Марид против европскиот првак Реал.

„Секоја победа е слатка и значајна. Да бидам искрен, потешко ни беше во Мадрид“ – изјави Де Јонг за холандските медиуми пред да се приклучи на славјето со соиграчите.

Се вчитува...