Де Јонг со гол во 96. минута ја спаси Барса од пораз во каталонското дерби со Еспањол (ВИДЕО)

Барселона ја продолжи серијата од осум едноподруго меча без пораз во Ла Лига, благодарение само на голот на Лук Де Јонг во 96. минута за конечни 2-2 во каталонското дерби со Еспањол од 24. коло.

Еспањол точно 20 секунди го делеа од победа, иако почетокот на натпреварот воопшто не навестуваше дека ќе се во таква ситуација, откако Барса поведоа со голот на Педри уште во 2. минута од натпреварот.

Но, Дардер во 40. минута уште пред паузата успеа да го израмни резултатот. Во второто полувреме, исклучителните возбудувања стартуваа со гол на Гави во 56. минута кое најави водство на Барселона, но погодокот беше поништен по реакцијата на ВАР-судијата поради офсајд.

Па, откако Барселона не успеа да поведе, во 64. минута извонредна акција на Еспањол која мајсторски со гол ја крунисува Де Томас за водство од 2-1.

И кога се чинеше дека Еспањол ќе донесе победа, Лук Де Јонг во 96. минута погоди со глава за конечни 2-2.

Се вчитува...