Ајакс доживеа бескрупулозна елиминација (2-3) од Тотенхем во полуфиналето на Лигата на шампионите. Лукаш Моура со победнички гол во 95.минута го елиминира холандскиот тим и стави крај на прекрасната европска бајка.
Матијс де Лихт постигна гол во петтата минута за водство од 1-0, а Ајакс на полувремето имаше два гола предност. Ако се додаде и водството од првиот меч во Лондон, дури три гола позитива. Но, Лукаш Моура со хет – трик го замолкна Амстердам.
„Финалето ни беше сон и се делуваше како бајка. Никој не можеше ни да помисли на ваков крај. Бевме толку блиску до среќна завршница и пласман во големото финале. Но, не ни било судено. Самите сме виновни, примивме три гола за едно полувреме и расипавме се“, изјави Матијс де Лихт по несреќната елиминација на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА