Матијс де Лихт одигра уште еден извонреден натпревар во одбраната на Ајакс, покажувајќи зошто е најпосакуван дефанзивец во пресрет на летниот преоден рок. Капитенот на Ајакс не ја криеше гордоста по најновата гостинска победа, со која холандскиот гигант се наоѓа на чекор до големото финале.
„Се бројат победите, а ние денеска успеавме да стигнеме до уште еден голем триумф над силен ривал. Цела сезона сме аутсајдери, тргнавме во оваа приказна преку квалификациите, а сега финалето ни е на дофат… нормално е да бидеме пресреќни. Штета за ударот на Нерес што заврши во дирекот, но што е тука е, најважно е што победивме и со предност ќе влеземе во реваншот на домашен терен“ – истакна Де Лихт.
Ајакс своето последно финале во Лигата на шампионите го играше во далечната 1996 година, кога на пенали загуби од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА