Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, откри дека клубот подготвува уште еден голем трансфер. „Спарси“ веќе потрошија над 230 милиони фунти за летни засилувања, а меѓу нивните нови засилувања се Сандро Тонали и Матеус Фернандеш.
„Трансфер пазарот сигурно не е завршен. Завршивме 60 проценти од нашиот трансфер проект. Сега имаме уште една бомба“, рече Де Зерби.
Италијанецот потврди дека следното засилување ќе биде офанзивен играч, а кога беше прашан дали е блиску до договор, тој рече:
„Се надевам, но не е завршено“.
Де Зерби рече дека ќе ја почитува желбата на Кристијан Ромеро да го напушти клубот:
„Ромеро беше неверојатен со мене. Врвен. Во однос на однесувањето, почитта. Тој страдаше кога не играше на последниот натпревар. Не е вистина дека сакаше да оди во Аргентина за да се подготви за Светското првенство. По полуфиналето против Англија разменивме пораки, но не се јавив за да го убедам да остане. Го почитувам она што ми го кажа. Истото се однесува и за Викарио, како и за секој играч, Ромеро е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот, но ќе ги почитувам желбите на играчите.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
