Дебакл на Милан – Интер чекори кон титулата во Серија А (ВИДЕО)

Интер го декласираше градскиот ривал Милан со 0-3 во „Дерби де ла мадонина“ како дел од 23. коло во италијанската Серија А. Лаутаро Мартинез со голот во 5. минута уште на самиот старт донесе водство за гостите. Истиот фудбалер во 57. минута зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 ги постави Ромелу Лукаку во 66. минута.

Со овој триумф Интер во моментов има 53 бода, односно четири повеќе од градскиот ривал Милан кој е на втората позиција.

 

 

 

Се вчитува...