Деби со убедлив пораз на европска сцена за Чаир

Ракометарките на Чаир претрпеа убедлив пораз од 26-41 од Наиса во првиот натпревар од второто коло во Купот на ЕХФ. Нашиот состав ќе има невозможна задача на возвратната средба која треба да биде одиграна следниот викенд во Ниш.

Високата победа тимот на Наиса ја одработи во второто полувреме откако првиот дел заврши само со два гола разлика (15-17). Но во вториот дел, уште на почетокот српскиот состав почна да гради сигурна предност и веќе во средината од полувремето дојде до двоцифрена предност. Чаир застана само на 11 гола во второто полувреме, а прими дури 24.

Анастасија Николовска со 12 гола беше најефикасна во составот на Чаир. Марија Николовска постигна четири, а Леонора Рахмани заврши со три гола. Со 10 гола и 100-процентна реализација лидерка во тимот на Наиса беше Марија Филиповиќ. Македонската репрезентативка во редовите на Наиса, Симона Стојановска постигна пет гола, а нејзината колешка од националниот тим Ивана Гакидова заврши со еден гол.

 

Се вчитува...