Дефанзивец од БиХ оди во Њукасл за 35 милиони евра

Њукасл ги продаде Гордон, Тонали и Гимараеш, го отпушти тренерот Еди Хау, па време „црно-белите“ да почнат и со инвестирање во нови фудбалери, по желлбата на новиот менаџер Матијас Жаисле.

Ново име конечно беше договорено да пристигне на „Сент Џејмс Парк“, и тоа босанскиот интернационалец Амар Дедиќ кој ќе потпише петгодишен договор со овој англиски премиерлигаш.

Дедиќ настапува на бековската позиција и доаѓа на инсистирање на самиот тренер, кој имаше беспрекорна соработка со Босанецот додека беше тренер на Салцбург. Жаисле во меѓувреме замина во Саудиска Арабија, Дедиќ се пресели во Бенфика, но двајцата сега повторно ќе се соединат во најсилната лига на светот.

Преговорите меѓу клубвите исто така се финиширани, откако Бенфика прифати 35 милиони евра, плус процент од следниот трансфер на Дедиќ.

Се вчитува...