Дефрел го реши Јувентус

Јувентус влезе во серија на порази откако во 30. коло од италијанското првенство загуби со 1-0 на гостувањето кај Сасуило. Херој на домашниот тим беше Дефрел кој ја затресе мрежата во 64. минута oткако одлично се снајде во шестнаестникот.

Со денешниот пораз Јувентус испушто значајни бодови во битката за место кое води во европските натпреварувања следната сезона, додека Сасуило го освои 40 бод со кој останува на средината на табелата.

Се вчитува...