Дејан Лескароски од Вардар Форино е позитивен на коронавирусот

Фудбалерот на Вардар Форино, Дејан Лескароски ќе отсустува најмалку две седмици од терените откако позитивен на тестот на коронавирусот Ковид-19. Информацијата на социјалните мрежи ја потврди самиот Лескароски.

„Драги пријатели, за жал мојот тест на Ковид -19 е позитивен. Чувајте се, носете маски и бидете претпазливи. Ни малку не е лесно, ниту едноставно. Ви благодарам за поддршката!“ напиша Лескароски.

Лескароски вчера не беше дел од тимот на Вардар Форино на мечот против Дрита на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток.

Се вчитува...