Дејан Станковиќ: Израснав во Црвена Звезда, овој клуб е светост за мене

Поранешниот српски репрезентативец Дејан Станковиќ од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда. Момчето кое израсна во „црвено-белите“ редови, направи спектакуларен трансфер во Лацио, а потоа играше и во Интер, почнува тренерска кариера во српскиот првак. Ќе го наследи Владан Милојевиќ кој успеа со Црвена Звезда да игра и во Лигата на шампионите.

„Благодарност до клубот, до легендите, навивачите, што повторно овде. Црвена Звезда пред 22 години ме исшрати во мисија, да се вратам дома еден ден и да го наследам големиот господин, големо име и звездаш каков што е Милоје. Никаде немам видено тренерот што заминува со насмевка и полно срце да го дочека неговиот наследник и да го прегрне. За тие два часа со него добив толку многу искуства што ќе ми биде доволно за цел живот. Ветувам дека ќе се борам како лав за секоја нова победа. Црвена Звезда за мене е светот, израснам овде и сега сакам да се оддолжам на еден поинаков начин“, изјави Дејан Станковиќ.

Тој потпиша договор на две и пол сезони, а вели дека ќе се обиде да го примени најдоброто од сите свои тренери, трпението од Свен Горан Ериксон, работата на теренот од Роберто Манчини, карактерот на Жозе Мурињо и упорноста на Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...