Дејвид Бекам ќе биде заштитно лице на Мундијалот во Катар – ќе заработи 200 милиони евра!

Катар ќе му плати 200 милиони евра на поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам. Славниот англиски фудбалер ќе биде заштитно лице на Катар и Светското првенство во оваа земја. Договорот е потпишан на 10 години, а Бекам веќе остварил посета на новите стадиони.

Освен што ќе го промовира Мундијалот, Бекам ќе го прмовира и Катар, туризмот и културата на оваа земја, па тие 200 милиони и не изгледаат премногу.

Бекам со овој потег доби многу критики, со оглед дека наводно ветувал дека на стадионите ќе бидат дозволени знамиња на ЛГБТ заедницата во земја која е често на мета од борците за човекови права.

Исто така многумина знаат дека целиот Мундијал е изграден на потта на работници кои преживувале во нехумани услови, додека голем број и смртно настрадале во текот на изградбата на стадионите. Освен тоа Катар организацијата за СП наводно ја добил со давање на мито.

Се вчитува...