Голема неизвесност владее во националниот тим на Република Ирска ден пред натпреварот против Израел во Лигата на нации откако голманот Гавин Базуну објави дека не сака да игра, а неколку други репрезентативци размислуваат за истиот потег.
Ирците треба да играат против Израел на неутрален терен во Дебрецен во недела.
Како што пренесува „Ајриш тајмс“, Базуну во петокот вечерта им соопштил на соиграчите дека не сака да игра против Израел. Потоа, останатите членови на репрезентацијата разговарале за тоа дали некој друг ќе му се придружи и поединечно ќе се откаже од настапот на натпреварот.
Долгите состаноци доведоа до целосно нарушување на планираните активности на репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
