Деле Али го пропушта почетокот на сезоната

Проблемите со тетивата повторно го оддалечуваат Деле Али од тимот на Тотенхем. Англискиот репрезентативец ќе го пропушти почетокот на сезоната потврдува менаџерот Маурисио Покетино. Тој вели оти има простор за загриженост со оглед дека Деле Али и минатата сезона се мачаше со истата повреда.

„Не верувам дека ќе биде подготвен за стартот на сезоната. Се работи за истото подрачје и се разбира дека сме загрижени. Тој има само 23 години и имаше проблеми со тетивата во последните неколку сезони“ – изјави Покетино.

Менаџерот вели дека ќе бидат потребни неколку седмици за Деле повторно да се приклучи на тимот. Тотенхем следниот викенд, премиерлигашката сезона ја отвора против Астон Вила.

Се вчитува...