Дембеле ја чува Франција на врвот, Сенегал лесно со Ирак

Усман Дембеле беше во главна улога во вечерашната победа на Франција над селекцијата на Норвешка од 4-1 во мечот што сканданивската селекција го одигра со резервен тим. Селекторот Солбакен реши да ги осави речиси сите стартери на клупата чувајќи ги за мечот од 1/16 финалето, Французите настапија со своите најдобри единаесетмина и уште во првото полувреме си ја осигураа победата.

По само дваесетина секунди игра Мбапе имаше одличен удар што заврши во гредата, по што шоуто го презеде Дембеле. Асот на ПСЖ постигна два прекрасни гола за 2-0, норвешката селекција за момент  намали преку Асгард, по што Дембеле го комплетираше хет-трикот со уште еден гол со левата нога, за 3-1.

Норвежаните имаа одлична можност да се вратат во мечот откако беше досуден пенал врз Оскар Боб, но Мењон го одбрани ударот од белата точка на Ларсен. Казната стигна во 94. минута, кога Дуе со прецизен удар со глава ги постави конечните 4-1.

Сенегал стигна до првите бодови на овој мундијал декласирајќи го Ирак со 5-0, убедлива победа со која африканската селекција останува во игра за пласман во 1/16 финалето како една од третопласираните репрезентации во групите. Диара го отвори резултатот во 4. минута, а Ирак капитулираше девет минути подоцна кога остана со играч помалку по директниот црвен картон што му беше покажан на Сулака.

Сар во второто полувреме зголеми на 2-0, по што на сцена стапи Папе Геј. Асот на Вилјареал влезе во игра во 57. минута, две минути подоцна со еврогол зголеми на 3-0, а во 71. минута стрелаше прецизно и за 4-0. Ендаје со прекрасен погодок од дваесетина метри ги постави конечните 5-0 на овој натпревар.

Се вчитува...