Дембеле ја најави „чистката“ во Барса: Чави отпиша уште пет играчи и им порача да го напуштат клубот

Каталонците дојдоа до исклучително важни три бода во борбата за место кое води во Лигата на шампионите, а херој беше Френки де Јонг кој го постигна единствениот гол на натпреварот во самиот финиш. Сепак, по мечот Чави Ернандез беше критикуван за лошата игра на неговиот тим.

Тренерот на Барса синоќа имаше неколку интересни промени и тактички потези кои баш и не им се допаднаа на навивачите, но јасно е дека се уште се обидува да открие на кои играчи може да смета. Тој уште од првата минута му даде шанса на Дест, што беше големо изненадување со оглед на тоа што Дани Алвеш беше стандарден десен бек на претходните натпревари.

Сепак, и покрај тоа што им се дава шанса на повеќето играчи, сепак има и такви кои речиси не играле откако Чави пристигна во Барселона.

Иако е прилично „кус“ со играчкиот кадар, Чави веќе отпиша некои играчи на кои им препорача дека е најдобро да го напуштат клубот до крајот на јануари доколку сакаат да играат. Прв на листата е Усман Дембеле, кој одбива да го продолжи договорот со Барселона, а ниту синоќа не беше во конкуренција за натпреварот. Покрај Дембеле, на списокот на „отпишани“ се уште петмина фудбалери и тоа Самуел Умтити, Клемент Ленглет, Алехандро Балде, Руики Пуиг и Оскар Мингеза.

Единствен кој моментално има конкретни понуди е Мингеза кој беше доста стандарден оваа сезона, но го загуби местото во стартната постава. Мингез го сакаат неколку шпански клубови на позајмица, а наводно е најблиску до преселба во Валенсија.

Се вчитува...