Франција игра импресивно и има водство од 3-1 по првото полувреме од дуелот со Норвешка, на кој скандинавската селекција настапува со „резервен состав“, па најголемите „ѕвезди“ Халанд и Едегард дуелот го следат од клупата за резерви.
Во главна улога не се наоѓа Килијан Мбапе, туку Усман Дембеле, кој постигна хет-трик во првото полувреме и ги предводи „триколорите“ до стопроцентен ефект во оваа групна фаза.
Асот на ПСЖ беше без гол на претходните 12 меча на светските првенства, постот го прекина на претходниот натпревар со Ирак, за вечерва да блесне во сиот свој сјај.
Тој погоди два пати за 0-2, Норвешка за момент намали преку Асгард, но Дембеле со гол во 32. минута ја врати удобната предност на својата селекција.
На вториот меч од оваа група Сенегал води против Ирак со 1-0, Диара беше стрелец во 4. минута, а за одбележување е дека Ирачаните од 13. минута се со фудбалер помалку по исклучувањето на Сулака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
