Дембеле контра Мбапе: Јас никогаш не сум бил избраниот

Трката за „Златната топка“ за 2026 година влегува во завршна фаза, а тензиите меѓу главните кандидати се зголемуваат.

Килијан Мбапе пред неколку во интервју за „Л’Екип“ порача дека себеси се гледа како „избраниот“ и оцени дека во изминатата сезона никој не бил подобар од него. Неговите зборови веднаш предизвикаа реакции, а меѓу оние кои беа запрашани за коментар беше и Усман Дембеле.

Французинот, сепак, не сакаше да влегува во јавна расправија со својот репрезентативен колега. По триумфот на ПСЖ над Брест синоќа, Дембеле истакна дека во кариерата секогаш претпочитал да зборува на теренот, а не преку медиумите.

„Како што веќе кажав, никогаш не сум бил избраниот, но работев исклучително напорно. Минатата година бев награден за тој труд. Оваа година ќе видиме. Јас сум целосно мирен. Отсекогаш сум бил човекот што седи во последната клупа и молчи. Така беше во текот на целата моја кариера – не зборував многу, туку се борев на теренот“, порача Дембеле.

Изјавата на Мбапе не наиде на одобрување ниту кај дел од поранешните француски репрезентативци.

Легендарниот француски дефанзивец Биксенте Лизаразу оцени дека пристапот на Мбапе е поинаков од оној на останатите кандидати за престижното признание.

„Тоа кај Мбапе е американски стил на самопромоција. Дембеле, Кварацхелија и Ламин Јамал, за разлика од него, се определуваат за скромност“, порача Лизаразу.

На слична линија беше и Мехди Бенатија, кој призна дека го цени Мбапе како фудбалер, но не смета дека било потребно толку отворено да зборува за „Златната топка“.

Се вчитува...