Француската Лига 1 денеска ги прогласи најдобрите за минатата сезона. Усман Дембеле е избран за најдобар фудбалер сезонава во францускиот шампионат.
Дембеле и повеќе од заслужено стигна до ова признание откако на коло до крајот се уште е најдобар стрелец со 21 погодок, а запиша и шест асистенции.
Повеќе од заслужено за најдобар тренер е избран очекувано предводникот на „светците“ Луис Енрике кој својот тим го водеше до убедливо освојување на трофејот во Лига 1.
За најдобар голман е избран Лорен Шевалие од Лил, најдобар млад играч е Дезире Дуе од ПСЖ, додека трофејот за најдобар гол му припадна на Амин Гури од Олимпик Марсеј.
Во идеалниот тим на шампионатот доминираат играчи на ПСЖ вкупно девет (Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш, Витиња, Невеш, Дуе, Баркола и Дембеле, а во него се најдоа и голманот Шевалие од Лил и Рајан Черки од Олимпик Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА