Дембеле веќе го избрал својот нов клуб, следна дестинација е Франција

Усман Дембеле во јануари ги одби сите понуди кои Барселона ги доби за него. Францускиот фудбалер не сакаше да ги напушти редовите на каталонскиот клуб, иако на масата имал неколку интересни понуди.

Дембеле не е во најдобри односи со клубот поради својот однос и непочитување, но сепак тренерот Чави одлучи да го користи Французинот до истекот на договорот и тој би требало редовно да игра до крајот на сезоната.

Тоа би можело да биде од голема корист за неговиот нов клуб, а тоа по се изгледа ќе биде ПСЖ. „Мундо Депортиво“ наведува дека во Барселона се убедени дека 24-годишниот офанзивец веќе има постигнато договор со францускиот гигант и дека ќе стане нивни нов член од следното лето.

Интересно е секако дека ПСЖ и во јануари сакаше да го доведе Дембеле. Испратија понуда до Барселона, нудеа двајца играчи, но таа понуда не беше прифатлива ниту за Барса, ниту за играчите кои беа дел од размената, а ниту за Дембеле, па истата не беше реализирана.

Барселона го доведе во 2017 година од Борусија Дортмунд за 145 милиони евра, а тој во пет години пропушти половина од натпреварите и често беше надвор од терените поради повреди. Французинот имаше проблеми и со дисциплината, поради што често доцнеше и на тренинзите.

Дембеле за пет години одигра 129 натпревари и постигна 31 гол.

Се вчитува...